Короната ја пребродија, но не и техничките проблеми: Драмски театар ја одложи вечерашната претстава

Поради протекувањето на кровот над сцената и проток на вода во близина на струјните кола кои се наоѓаат во овој дел од театарот, Драмски театар ја откажа вечерашната претстава.  Веста беше соопштена на нивната фејсбук страна.

Водата може да предизвика сериозни проблеми, пожар, струен удар и слично, за што мора да консултираме експерти кои би дале дозвола за понатамошна работа, стои во фејсбук објавата на театарот.

И покрај нашите планови да ги вратиме на репертоарот претставите кои не беа изведувани поради кризата со пандемијата, и навистина големиот напор на актерите и вработените во Драмски театар во многу кратки рокови да ги вратат претставите на сцената, за жал техничкиот проблем не можеме да го санираме со сопствени сили, велат од Драмскиот театар.

Додаваат дека се надеваат во догледен рок дека ќе се санираат овие пречки за непречено да продолжат со своите активности.