Корона вирусот може да стане вирусна настинка

Нела Сршен, хирург во универзитетската болница „Азиенда Оспедалиера“ во италијанскиот град Падова, утрово во емисијата „Добро утро Хрватска“, коментираше за се уште актиелниот коронавирус и состојбата во нејзината земја.

„Сите очекувавме дека по олабавувањето на мерките ќе има висока стапка на заразени пациенти од коронавирус. Напротив, од ден во ден гледаме дека бројот на заразени се намалува“ рекла Сршен.

Таа додала дека е позитивно тоа што заразените на кои им е потребна хоспитализација не завршуваат на респиратори и не се многу критични. Објаснила дека тоа може да значи дека вирусот ја изгубил вирулентноста и на некој начин ослабел.

Во покраината Венето, каде дневно се заболувале по 1000 луѓе а по 500 умирале, вчера имала многу малку позитивни случаи. Тоа се многу охрабрувачки вести, нагласила докторката од Падова.

Таа зборувала за новата нормалност во Падова и открила дека болниците полека се враќаат во секојдневието.

„По два месеци, независно од циркулацијата на луѓе, заразата се намалува, се намалува бројот на тешки клинички пациенти, што е многу позитивен индикатор“ рекла таа.

Појаснила дека вирусот би можел да стане, како и некои други претходно, дел од нас и нашите животи – обичен респираторен вирус, кој предизвикува настинка.

„Овој вирус за да преживее мора на некој начин да се прилагоди, тоа значи да не го убива човекот, туку да се прилагоди, да биде помалку вирулентен и да се појавува сезонски како и сите други коронавируси“ рекла Сршен.