Корона кризата ќе затвори повеќе текстилни погони

Текстилната индустрија на удар од корона кризата, бараат под итно да се формира Влада. Во моментов бизнисот со шиење маски и опрема за здравствениот персонал стагнира. Работодавачите посочуваат дека ставање на клучот на погоните им се заканува во октомври поради намалената побарувачка на облека. Се пожалија дека се оставени сами да се справуваат, кога голем дел од работниците се дома, бидејќи се позитивни на корона вирус или се во изолација.

Дел од штипските текстстилци уште во јули ја најавија можноста бројот на вработени во оваа гранка да се преполови.

Од бизнис секторот бараат Владата преку електронскиот систем за исплата на плати строго да контролира дали парите стигнале до работниците и јавно да ги објавуваат сите што направиле злоупотреби. Бараат и прецизни законски одредби за да не се манипулацира со парите од граѓаните

Корона кризата повремено затвори над 20 текстилни фабрики. Најголемиот дел во Штип, а останатите во Свети Николе и Пробиштип. Во Штип дел од конфекциите од први Август се на колективен годишен одмор. Голем дел од нив со работа стартуваат од утре, а градот на  текстилот  изминатиот месец  секојдневно е двоцифрени бројки на заразени со корона вирус.