Коридорот 10 готов до 2017-та

Целосно изграден автопат, кој го формира познатиот Коридор 10, се очекува да биде готов во 2017. Во моментов сеуште се работи на делницата помеѓу Демир Капија и Смоквица, во должиина од 28,2 километри. Со финалниот рок предвидени се реконструкции на сите делници кои во моментов се во лоша состојба. Следна фаза ќе биде делницата од Смоквица кон Ѓевгелија во должина од 4,2 километри. На неа веќе се работи и е остварен 20% прогрес. Се очекува до 2016 и тој дел да биде завршен.

Реконструкцја е во тек и на делот Куманово-Скопје, на траса долга 23 километри. Според договорто со градежната компанија која ја води реконструкцијата, работите треба да завршат за максимум 15 месеци. Според владиниот портал изминатиот период завршена е реконструкција на две клучни делници, Катланово-Велес и Табановце-Куманово.