Контроверзна американска фамилија Бол од Холивуд, снима реално шоу во Скопје

Во следните неколку дена, нашиот главен град ќе ја нагости познатата и контроверзна американска фамилија Бол. Станува збор за кошаркарските ѕвезди Ламело и Лианџело, кои ќе бидат придружувани од нивниот татко Лавар.

Како што дознава дневниот весник ВЕЧЕР, причината за нивната посета на Македонија е сминањето на реалносто шоу “Ball in the Family”.

“Ball in the Family” е американско реално веб шоу кое почна да се емитува на апликацијата Facebook Watch на 29. август 2017 година. Шоуто има за цел да го прикаже личниот и професионалниот живот на фамилијата Бол. На 14 мај 2018 година беше објавено дека Facebook ќе ја емитува и третата сезона од реалното шоу.

Првата епизода од третата сезона беше емитувана на 10 јуни, а повторно во прв план е Лонзо Бол кој настапува за повеќекратниот НБА шампион, тимот на Лос Анџелес Лејкер, потоа Лиaнџело Бол кој го носи дресот на LA Ballers, кој се натпреварува во млaдинската кошаркарска лига (ЈБА), Ламело Бол, кој исто така игра за LA Ballers и нивниот татко Лавар Бол.

Во изминатиот период, Лавар беше актуелен по контроверзните изјави дека неговите синови се подобри играчи и ќе ги надминат големите НБА ѕвезди, како Мајкл Џордан, Коби Брајант, Стив Кер…
На почетокот од 2018 година, помаладите браќа настапуваа за литванскиот клуб Приенаи, но нивната авантура заврши после само неколку месеци.

Изминатите неколку недели, фамилијата Бол престојуваше во Турција каде сними неколку епизоди од реалното шоу, а холивутскиот тим кој е задолжен за реализацијата на овој проект е веќе пристигнат во Скопје, со 16 придружни возила и е сместен во хотелот “Александар Палас”.

Најстариот од браќата Бол, Лонзо Бол сигурно нема да ја посети нашата земја затоа што е дел од почетната петорка на ЛА Лејкерс и нема може да го напушти тимот затоа што веќе започна новата сезона во најсилното кошаркарско натпреварување.