Контролирани 563 товарни возила - санкционирани 70

Во текот на вчерашниот ден биле контролирани 563 товарни возила, во рамки на зајакната акциска контрола на територијата на цела држава. 

Акцијата се однесувала на санкционирање возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи при управување на товарни моторни возила.

Од контролираните 563 возила, преземени се 70 мерки по констатираните прекршоци. Од нив изречени се 37 санкции за технички неисправни возила, 21 санкција по однос на товар и 19 мерки по констатирани прекршоци во однос на возачи.