Контрола на мотоциклисти - најмногу казнети за неносење заштитна кацига

Од 26-ти септември до 2-ри октомври, на територија на цела држава е спроведена акциска контрола за санкционирање на прекршоци што ги прават мотоциклистите. 

Санкционирани биле вкупно 242 возачи. Од нив, 152 не користеле заштитна кацига за време на возење, 43 возеле без возачка дозвола, а санкционирани се и други прекршоци.

Засилените акциски контроли ќе продолжат и во следните денови, информираат од МВР. Од таму со апел до мотоциклистите да ги почитуваат сообраќајните правила со цел поголема безбедност во сообраќајот.