Контра Парада на гордоста - во одбрана на семејните вредности собир пред црквата „Пресвета Богородица“

Маршот „Сведоштво за семејство“ денеска ќе тргне од црквата „Пресвета Богородица“, а ќе го пердводи митрополитот повардарски Агатангел. На плоштадот пред црквата веќе се собира народ, кој ќе се движи по следнава маршрута: ќе почне од црквата „Св. Богородица“ на улицата „Филип Втори Македонски“, десно по улицата „11 Октомври“, улицата „Димитрие Чуповски“, улицата „Васил Главинов“, булеварот „Партизански одреди“ до Соборниот храм „Св. Климент Охридски“.