Конкурс за наградата „Антево перо“

 До 25 август е отворен Конкурсот за доделување на наградата „Антево перо“ востановена во чест на творештвото на Анте Поповски, која се доделува за необјавена поетска книга на македонски јазик.

Организатор е Meѓународната поетско-културна манифестација „Анте Поповски – Антево перо“ која во периодот што следува ќе соопшти поконкретни информации за конкурсните предиспозиции и условите за учество на конкурсот.

-Покрај поттикнување на авторството на книги со поезија, основната мисија на оваа книжевна награда е стимулиурање млади творци, но и афирмација и промоција на дострелите на младите поети кои создаваат и се остваруваат на македонски јазик, соопшти организаторот.