Конкурс за избор на најдобра фотографија со мотиви од општина Илинден, следуваат награди

Во тек е конкурсот што неодамна го распиша Општина Илинден за избор на најдобра фотографија со мотиви од општината. Kонкурсот трае до 6 јуни.

Од Општината информираат дека може да се испраќаат панорамски фотографии, фотографии од знаменитости, економски зони, инфраструктура, јавни објекти, манифестации, спортски и културни настани. Може да бидат дневни или ноќни, но да не се постари од една година. Испратените фотографии ќе бидат искористени за промоција на Општина Илинден, која ќе организира изложба за наградените фотографии во домовите на културата во сите населени места.

По завршувањето на рокот за пријавување, ќе се формира специјална комисија која ќе одбере 30 најдобри фотографии, кои потоа ќе бидат поставени на официјалната фејсбук-страница на Општина Илинден, каде што ќе може да се гласа 30 дена. Ќе бидат доделени три награди за најдобра фотографија според комисијата и три награди според гласањето на „Фејсбук“.

Наградата за прво место е 25.000 денари, за второ 15.000 денари и за трето место е 10.000 денари