Конкурс на „Рацинови средби“ за поезија на Твитер

Здружението на граѓани „ФАД Стоби“, организатор на поетската манифестација „Рацинови средби“, денеска објави Конкурс на тема „Напиши љубов во 140 карактери“ наменет за корисниците на социјалната мрежа Твитер.

Целта на конкурсот е поттикнување на креативноста, ширењето љубов и промоција и афирмација на љубовната поезија на Рацин на официјалниот твитер-профил на манифестацијата @racinovisredbi.

– Бидете креативни, ширете љубов и твитајте ги вашите љубовни пораки на македонски јазик, со кирилично писмо и хаштаг #pc. За најубавата твитер љубовна порака предвидена е вредна награда која ќе биде доделена на свеченото отворање на „Рациновите средби“ на 9 јуни, соопшти „ФАД Стоби“ за новиот конкурс кој ќе трае до 1 јуни 2016 година.