Коњот кој шеташе низ Центар спроведен од МВР

Коњот што денеска беше виден во центарот на Скопје кај Рекорд попладнево беше спроведен од полициско возило. 

Многумина се изненадија кога бел коњ им се појави пред автомобилите на најфреквентната улица во Скопје. 

Последните фотографии од коњот се направени попладнево на кои се гледа како по него оди полициско возило со вклучени ротациони светла.