Коневски вети реконструкција на улиците во Лисиче и изградба на кружен тек за поголема безбедност во сообраќајот

Голем број проекти се предвидени во нашата програма за населба Лисиче, истакна денес актуелниот и кандидат за градоначалник на Општина Аеродром од ВМРО-ДПМНЕ, Ивица Коневски.

-Покрај целосното расчистување на Усјанскиот канал и изградба на еден прекрасен парк, во план е реконструкција на улиците во населба Лисиче и изградба на кружен тек на улицата „12 Македонска бригада“, кој ќе ја подобри безбедноста во сообраќајот на овој дел од општината. Со изградбата на овој кружен тек, сигурен сум дека повеќе нема да има тешки сообраќајни несреќи кои ги имаше во изминатиот период. Во фаза на градба е училиштето „Димитар Македониски“ кое очекувам во наредните 12 месеци тоа да биде целосно готово, нагласи Коневски.