Коневски најави уште една градинка во Аеродром

Ивица Коневски кандидат за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ денеска беше во Реонски центар – Аеродром, со цел да ги промовира проектите предвидени во изборната програма за оваа населба.

-Како еден од поважните проекти меѓу нив е изградбата на нова детска градинка во рамки на градинката „Сонце“ што се наоѓа зад нас. Изградбата на новиот објект подразбира 4 нови занимални и зголемување на капацитетот за згрижување на уште 120  деца, вели Конвески.

Тој додава дека граѓаните на претстојните локални избори да го дадат својот глас за мене и за кандидатите од советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ на чело со доктор Виктор Камилоски, за да можеме да го реализираме не само овој, туку и други проекти во Реонски центар меѓу кои – изградба на пешачка патека што ќе го поврзе со населба Лисиче, изградба на репрезентативна општинска зграда за потребите на општинската администрација, како и поставување на хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација пред ОУ „Александар Македонски“ и градинката „Сонце“.