Коневски: Кога Град Скопје и Шилегов ќе го решат проблемот со бездомните кучиња?

Поранешниот градоначалник на Општина Аеродром, ги прашува Град Скопје и градоначалникот Петре Шилегов кога ќе го решат проблемот со бездомните кучиња во градот, потенцирајќи ја безбедноста на скопјани. 

-Секојдневно сме сведоци на зачестени случаи во кои граѓани се каснати или нападнати од бездомни кучиња, особено во Скопје. 
Но, за жал, Градот и градоначалникот остануваат глуви на апелите и не преземаат конкретни чекори за решавање на овој голем проблем. Нивната пасивност доведува до зголемување на бројот на бездомни кучиња, како во урбаните, така и во руралните делови од Скопје. Со тоа се загрозува безбедноста на граѓаните и нивното слободно движење. Додека надлежните не се фатат во коштец со овој проблем, граѓаните се оставени сами на себе. За жал, засега единствено им останува поведување судска постапка за надомест за претрпена штета, напиша Коневски на својот Фејсбук профил. 

Тој потенцираше исто така дека, адвокатската канцеларија Коневски на сите оштетени граѓани им стои на располагање за соодветна стручна помош, но истовремено повикува на ПРЕВЕНЦИЈА и изнаоѓање трајно решение на овој проблем.