Kоневски: Фејсбук страницата „Ивица Коневски за Аеродром“ е лажна и зад неа не стојам јас

Доскорешниот градоначалник на Општина Аеродром Ивица Коневски информира дека на социјалните мрежи е направен група која го користи неговото име и неговите фотографии, но истата е лажна.

-Би сакал да Ве информирам дека Фејсбук страницата „Ивица Коневски за Аеродром“ е лажна и зад неа не стојам јас, туку без моја дозвола и знаење се злоупотребуваат моето име и лик. Би ве замолил од таму да не преземате информации, бидејќи со тоа се манипулира јавноста. Мојата официјална страница на оваа социјална мрежа е Ivica Konevski . Ви благодарам за соработката, пишува Коневски.