Конески: Јазикот е единствената наша татковина!

На денешен ден во 1993 година, почина истакнатиот македонски книжевен, културен и јавен работник, академик, поет, филолог и професор на Филозофскиот факултет во Скопје, великанот Блаже Конески. Тој е и еден од кодификаторите на современиот македонски литературен јазик и исклучително значајна личност во македонската книжевност.

 Учествувал во составувањето на првиот македонски правопис, ја напишал Граматиката на македонскиот јазик, Историјата на македонскиот јазик, а е и еден од составувачите и главен редактор на Речникот на македонскиот јазик. Конески почина на 72-годишна возраст. 

Во негова чест, со Вас ја споделуваме една од неговите најубави и најмудри мисли: 

„Послушајте Македонци!

Јазикот е единствената наша татковина. Сѐ додека го чуваме, го негуваме, го вардиме, го гледаме јазикот наш македонски – ќе може да сметаме дека ја имаме и татковината. Како куќа, како дом, како огниште.“