Конечно свежина во македонскиот етер: Стартува новата сезона на „Подводно“

Време е да ги разладиме летните горешнити и да го разбудиме спортскиот дух со втората сезона на емисијата „Подводно“.

По пауза од една година новото летното лудило стартува оваа недела (16.07.2017) во 14:45 часот на телевизија Алфа.

Секоја недела резервирајте ја за 90 минути уживање директно од базен „Аеродром“ во Скопје, од каде ќе понудиме многу интересни гости, но и игри во вода.

Натпреварувачкиот дел се состои од шест игри во вода, два тима и по двајца капитени, македонски јавни личности.

Во премиерната емисија во улога на капитени очекувајте да ги видите Марко Маринковиќ – Слаткар и Марко Новевски, додека за забавата ќе се погрижи Сања Барби.

Како и по првата успешна сезона, така и овој пат водителската улога ќе му припадне на Ненад Ѓеоргиевски кој ќе ве води низ лудориите во „Подводно“.

Општина Аеродром информира дека можат да се пријавуваат сите заинтересирани жители на територијата на оваа локална самоуправа кои се над 16-годишна возраст и се пливачи.

Граѓаните можат да пројават екипа од машки или од женски натпреварувачи, која треба да биде составена од најмалку три, а најмногу од четири члена на телефонскиот број 070/360-298, лице за контакт Наташа или на е-маил адресата: natasa.arsova@gmail.com

Почнувајќи од овој викенд, „Томато“ продукција и општина Аеродром се погрижија за вашата забава пред телевизор секоја недела.

Не пропуштајте!