Конечно модернизација! Македонија ќе добие 100 нови возила за Брза помош

Амбулантните возила за потребите на јавните здравствени установи во најголем дел се застарени, дотраени, со помината поголема километража од техничкиот максимум и амортизирани. Дали полека се решава овој проблем со обновата на возниот парк?

Премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на прашањето дали се планира набавка на медицински возила со оглед дека сегашните се застарени, посочи дека на последната седница е донесена одлука за отпочнување на набавка за купување на 100 нови модерно опремени амбулантни возила.

„Наш главен приоритет е обновата на овој тип на возен парк во јавните медицински установи, имајќи во предвид дека таму е катастрофално алармантна состојбата, бидејќи таму луѓето се потпираат на оние возила кои се донација. Како Влада на последната седница донесовме одлука за отпочнување на 100 нови модерно опремени возила, кои ќе бидат распределени во јавните здравствени установи ширум државата, вели премиерот Мицкоски.