Конечно и во Скопје ќе може да се изнајмуваат електрични тротинети

ЈП Градски паркинг-Скопје почна со реализација проектот за изнајмување 500 електрични тротинети, стационирани на 19 базни станици низ градот.

- Сите електрични тротинети се опремени со GPS уред, а со цел зголемена безбедност на корисниците, нивната максимална брзина може системски да се ограничува до 24 километри на час, информираа минатата недела од претпријатието. 

Целта на овој проект, како што велат оттаму,  е подобрување на квалитетот на воздухот во градот Скопје и унапредување на здравјето на луѓето, преку стимулирање на граѓаните да користат алтернативни начини на превоз, со што би се намалило загадувањето од возилата учесници во сообраќајот.