Концертот на Каролина во Охрид е откажан, таа е позитивна на Ковид 19

Концертот на Каролина Гочева во Охрид и таа е позитивна на вирусот Ковид 19. Веста ја објави на својата фејсбук страна. 

- Многу се радував на нашата средба во Охрид и многу сакав да ја повториме онаа магична вечер од Скопје, но…од синоќа не се чувствувам добро, денес се тестирав и имам корона, напиша Каролина на фејсбук. 

Таа додаде дека тоа е причината поради концертот во Охрид се откажува. 

Се гледаме во следна прилика, а на Охрид ќе му се оддолжам со концерт наесен, најави Гочева.