Концертот на Ѓорѓе Балашевиќ поместен на друг датум

На огромно задоволство на сите фанови во Македонија, Авалон Продукција реши да ја слушне нивната молба и во агендата на своите концерти за 2015 година го потврди концертот на миленикот на македонската публика,  секогаш свежиот и актуелен новосадски кантавтор - легендарниот Ѓорѓе Балашевиќ.

Сакаме да ве информираме дека поради техничко логистички причини, датумот за концертот на Ѓорѓе Балашевиќ е префрлен за 14-ти ноември, на иста локација- арената „Борис Трајковски“- Скопје.

ВАЖНО: Сите фанови кои набавиле влезници за 30-ти октомври, истите важат и за новиот датум!

Човекот кој што секогаш го распродава апсолутно секој концерт кој што го работи (инаку Балашевиќ со концертот на Калемегдан пред две години, со околу 30000 посетители изби на прво место на интерната листа на Авалон Продукција по посетеност пред Iron Maiden). Балашевиќ овој пат во Скопје доаѓа со својот нов програм концептуално наречен “Кад Тамбурама мангупи препрече пут”на 30ти Октомври во Арената Борис Трајковски, со почеток во 20 часот.

Овој програм наиде на огромно воодушевување секаде каде што Ѓоле, бендот и тамбурашите го представија во изминативе година и пол. Задоволството да уживаат досега го имаа во Загреб -5 распродадени сали Ватрослав Лисински, Сараево - Зетра 20000 посетители, Осијек - 10000 посетители, Сплит - распродадена Арена месец дена пред концерт...

Како и за секој светски концерт што го работи Авалон Продукција така и за овој несекојденевен настап на Балашевиќ, влезниците ќе бидат пуштени во продажба скоро шест месеци пред концертот - 18ти Мај (понеделник) преку продажната мрежа на www.kupikartizase.com со следниве цени и категории:

gorge balasevic mapaПАРТЕР (СЕДЕЊЕ) – 900,оо денари;

ТРИБИНА (СЕДЕЊЕ) - 700/900,oo денари;

Golden Seats (СЕДЕЊЕ) – 1200,oo денари;