Концертот на Балашевиќ пред распродавање!

Авалон, ве информира дека билетите за концертот на Балашевиќ кој ќе се одржи оваа сабота, на 19ти мај во ВИП Арената, се пред РАСПРОДАВАЊЕ!

Оние билети што останаа, можете да ги набавите онлајн на avalon.mk и преку продажната мрежа на Купи Карти За Се низ цела Македонија, по следниве цени и категории:

700 денари ПАРТЕР (стоење)

900 денари ТРИБИНИ (блок 1 и 15)

1000 денари ТРИБИНИ (блок , 5, 6, 7, 9, 10 и 11)

1200 денари GOLDEN SEATS (блок 2, 4, 8, 12 и 14)

Балашевиќ доаѓа по четврти пат во ВИП Арената "Борис Трајковски" од нејзиното постоење и овој пат интересот е убедливо најголем!

Неговите концерти се секогаш уникатни, но се чини, како никогаш досега оваа пролет е вистинскиот миг за Балашевиќ во Скопје!