Концерт во изолација со Дино Имери во Музеј на македонската борба

Во Музејот на македонската борба утре, сабота, со почеток во 18 часот, ќе настапи реномираниот македонски пијанист Дино Имери. Ексклузивниот настап во живо под наслов „Концерт во изолација“ ќе содржи изведби на дела од Бетовен, Брамс, Дебиси, Рахмањинов и други. Концертот кој што ќе се одвива во салата на музејот, публиката ќе може да го проследи во живо преку профилот на музејот на фејсбук.

ДиноИмери (1990) е еден од најреномираните македонски пијанисти.Настапувал со огромен успех со Стразбуршка Филхармонија, Софиска Филхармонија, Македонска Филхармонија, Симфониски и Камерен Оркестар на ФМУ, Македонска Опера и Балет, Камерен Оркестар на Музичка Младинана Македонија.