Концерт „Вивалдијада“ вечер во рамки на „Есенски музички свечености 2022“

Во рамки на манифестацијата „Есенски музички свечености 2022“ вечер во Музејот на македонската борба ќе се одржи концертот „Вивалдијада“.

Како што информира Дирекцијата за култура и уметност, ќе настапи оркестарот „Полифонија“ со гости професори од ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ и солистите: Ивана Здравкова, Бојана Митковска, Александар Ицковски, Филип Гечовски, Алек Гравчевски, Јосипа Василевска и Барбара Гиноска.

Според програмата, Алек Гравчевски – соло фагот ќе настапи со Концерт за фагот и оркестар во а-мол (RV 497), Јосипа Василевска – соло флејта со „Allegro – La Tempesta di Mare (op.10 no.1)“, а Барбара Гиноска – соло флејта со „Allegro od  ill Gardelino (op.10 n.3)“.

Филип Гечовски – соло гитара ќе настапи со Концерт за лаута, две виолини и континуо во Де-дур (RV 93), Александар Ицковски – соло виолончело со Концерт за виолончело и оркестар во Це-дур (RV 399), а
Ивана Здравкова и Бојана Митковска – соло виолини со Концерт за две виолини и оркестар во а-мол (RV 522 op.3 no. 8)