Концерт: “Ветришта од Шпанија: Песна и Сарсуела” во Скопје

„Ветришта од Шпанија: Песна и Сарсуела” е насловот на концертот на сопранистката Марија Еухениа Бош и пијанистката Ана Фере од Шпанија што во соработка со Амбасадата на Кралството Шпанија ќе се одржи утревечер (24 јули), со почеток од 20,30 часот во Музејот на град Скопје, а во рамки на “Скопско лето“.

На програмата ќе бидат изведени Енрике Гранадос, Федерико Момпу, Хоакин Турина, Мануел де Фаља, Пабло Луна, Ф. А. Барбиери.

“Во текот на својата кариера, Бош настапува во повеќе оперски куќи со одлични оркестри, под диригентската палка на еминентни диригенти од светот, а настапува и како камерен музичар со голем број познати изведувачи и ансамбли. Ана Фере редовно настапува како камерен музичар во состави со признати музички уметници, но не ја запоставува ни својата солистичка дејност, соработувајќи притоа со различни оркестри во повеќе земји во светот“, стои во највата за концертот.