
Со поддршка на Општина Дојран и градоначалникот Илија Тентов, утре (сабота) во Градскиот парк во Стар Дојран ќе се одржи концерт на популарниот црногорски пејач Сергеј Четковиќ.
Посетителите ќе имаат можност да уживаат во неговите најголеми хитови, романтична атмосфера и музичка вечер покрај Дојранското Езеро.
Влезот за концертот е слободен.