Концерт на Rush Тo Relax вечерва во МКЦ

Во МКЦ вечерва ќе се одржи концерт на Rush to Relax, овој пат со четворочлена гитарска постава – Дамјан (вокал, гитара), Јан Цизеј (morvern) на бас гитара, Ерик Керпан (Long Dumb Voices) на гитара, и Васја Онич (ujma) на тапани, тројца музички фанатици од љубљанската инди сцена.

Како што информриаат од МКЦ, енергичните соло настапи се сега надградени во целосен бендовски израз.

– Бендот ќе го заврши летото 2021 со кратка балканска турнеја од Пелистер до Триглав во склоп на која ќе настапат и во МКЦ. Во живо очекувајте и неколку нови песни кои ќе се најдат на следниот албум, кој ќе излезе во текот на следната година, додаваат од МКЦ.