
Националниот џез оркестар, вечер, во Националната опера и балет, ќе одржи концерт со светски познатиот пијанист и органист Renato Chicco. На концертот, под диригентство на Џијан Емин, ќе биде изведена програмата од албумот на Chicco, „First Encounter – Organ & Big Band“ – проект што ги поставува хамонд-оргулите во современ биг-бенд формат, преку оригинални композиции и специјално пишувани аранжмани.
Ренато Чико е музичар чиј израз се обликувал на њујоршката џез-сцена во 1990-тите години. Во тој период, како член на оркестарот на Лионел Хемптон и музички директор на „Јон Хендрикс анд компани“, Чико делувал во самото јадро на американската биг-бенд традиција, настапувајќи и во култни џез-клубови, како „Блу ноут“ и „Брдленд“.
На концертот ќе биде изведена програмата од неговиот албум „First Encounter – Organ & Big Band“, проект што ги поставува хамонд-оргулите во современ биг-бенд формат, преку оригинални композиции и специјално пишувани аранжмани.
Специјален гостин на вечерта е Енди Ватсон (Њујорк) – тапанар со богата кариера на американската џез-сцена и соработник на ансамбли како „Вангјард џез оркестра“ и Тошико Акијоши биг-бенд. Неговиот препознатлив грув и стил претставуваат клучен елемент во звучниот идентитет на овој проект.