Концерт на Мишо Ковач во Скопје

По долги 20 години македонската публика конечно добива можност да ужива во песните на легендарниот хрватски пејач, Мишо Ковач.

Како што најавуваат организаторите на скопскиот концерт, „Прагма продукција“, на 17 февруари следната година, во Скопје, во ВИП Арената „Борис Трајковски“ ќе се случува вистински концертен спектакл.

Во месецот на виното и љубовта домашната публика во живо ќе може да ги слушне омилените „Ти си песма моје душе“, „Остала си увјек иста“, „Један дан живота“, „Aко ме оставиш“.

„Името и песните на хрватската музичка ѕвезда кај нас им се познати на многу генерации и токму затоа присуството на неговиот последен концерт за музичко збогување со публиката во нашата земја треба да биде задолжително за сите  фанови на единствениот Мишо Ковач“, велат од продукцијата.

Билетите ќе бидат пуштени во продажба од среда (13.12.2017) преку продажната мрежа на kupikartizase.com, Пола Југотон, Југотон и Розе Веро 2.