Fire! е нордиска експериментална супергрупа оформена во 2009 година од триото Матс Густафсон (сакс), Јохан Бертглинг (бас гитара) и Андреас Верлинг (тапани), кои почнуваат да работат заедно за да развијат свеж пристап кон импровизираната музичка инспирација од слободен џез, психоделичен рок и нојз.


Во 2010 година групата ги здружува своите сили со музичарот Џим О’ Рурк и четворицата одат на турнеја во Јапонија, водејќи ги кон лансирање на Fire! со Џим О’ Рурк. Австралискиот мултиинструменталист Орен Амбарки е следниот соработник, со кого го снимаат и новиот албум на Fire!.

Во 2013, групата брои 28 членови, внимателно избрани, од скандинавската џез, импровизирана и авангардна рок сцена за надополнување на суштинскиот звук на бендот, важен за изведување на концертот во стокхолмскиот легендарeн Филкинген, што резултира со првиот запис на Fire! Orchestra наречен ‘Exit!’.

Голема благодарност до Дени Омерагиќ за посредувањето при реализацијата на овој концерт.

За затворање на #МОТ43 шведската супергрупа FIRE!
28 септември 2018
МКЦ Скопје
Почеток 22:00
Влез слободен. Се гледаме во МКЦ.