Концерт на Дино Имери со Филхармонија

Оркестарот на Филхармонијата в четврток ќе одржи концерт со наслов „И тело и душа“, на кој како солист ќе настапи македонскиот пијанист Дино Имери.

Со оркестарот ќе диригира Јерухам Шаровски од Израел, а на програмата се дела од Бетовен – Концертот за пијано и оркестар бр. 5 во С-дур и Симфонијата бр. 7 во А-дур, оп. 92.

Концертот за пијано и оркестар бр. 5 во С-дур од Лудвиг ван Бетовен е еден од најсовршените и најчесто изведувани дела на светската музичката сцена. Создаден е во периодот меѓу 1809 и 1811 година во Виена и претставува соврешен премин од класицизам во романтизам сублимирајќи ги придобивките од двете музички епохи. Симфонијата број 7 во А-дур оп. 92 од Бетовен премиерно била изведена во Виена на 8 декември 1813 година. Самиот композитор сметал дека оваа е неговата најсовршена симфонија, а критиката ја оценува како едно од мелодиски најбогатите симфониски дела во неговиот опус. Симфонијата претставува апотеоза на танцот или, како што рекол Вагнер, „ако некој ја слуша седмата симфонија, без разлика што е – клупа, чаша, баба, бебе во лулка, ќе почне да игра“.

Дино Имери (1990) се смета за еден од најреномираните македонски пијанисти на новата генерација класични музичари. Вбројан е во 10-те најдобри европски пијанисти според ранг-листата на Третиот eвропски пијано-натпревар одржан во Нормандија, Франција.

Билетите се веќе достапни и може да се резервираат на тел: 02/3238 182 и да се купат онлајн на www. filharmonija.mk