Концерт на Благој Нацоски во НОБ

Тенор Благој Нацоски денеска ќе одржи концерт во Националната опера и балет (НОБ) насловен како „Вечер со Благој Нацоски: Првите 20 години“.

Гости на концертот ќе бидат Наде Талевска, сопран и Васко Здравков, баритон. Пијано придружба ќе биде Јанинка Невчева, а режисер на концертот е Дејан Прошев. Водител на концертот е Огнен Јанески.

На програмата ќе бидат изведени арии од композиторите Џузепе Џордани, Жил Масне, Џоакино Росини, Џузепе Верди, Франческо Чилеа, Џакомо Пучини и др.