Концерт и изложба во Музејот на македонската борба: „Звукот на Јан Тирсен“ и „Скопје на штипка“

Овој петок (29 март) во Музејот на македонската борба во 20 часот, пијанистката Дуња Иванова ќе одржи солистички концерт посветен на звукот на современиот француски композитор Јан Тирсен. На програмата е музиката на Тирсен напишана за филмските остварувања „Чудесната судбина на Амелија Пулен“ и „Збогум Ленин!“, како и композиции од албумите „Светилник“ и „ЕУСА“.

Посетителите истата вечер ќе имаат можност да ја проследат изложбата „Скопје на штипка“ на фоторепортерот Дарко Попов, чиј објектив сведочи за урбано и суптилно Скопје, низ детали кои пркосат на целината, а зборуваат за уметност, инспирација, храброст и сеќавања.

Двата проекти се дел од програмата за култура на Град Скопје за 2019 година, а се реализираат со поддршка на Слобода филм, Минимал, СОКОМ и Музејот на македонската борба.

Влезот е слободен.