Комуникацијата помеѓу граѓаните и државата е лоша, смета професорката Бачовска Недиќ

Професорката од Правниот факултет Јасна Бачовска Недиќ, со објава на својот фејсбук профил, нотира дека изостанува квалитетна комуникација меѓу државата и граѓаните. 

-Kомуникацискиот менаџмент на политичките проблеми што ги има државата е на многу ниско ниво. Односно комуникацијата помеѓу граѓаните и државата (не политичките партии) е лоша, со ретки институционални исклучоци. Граѓаните незнаат што прави државата за нив и за самата себе и тоа во дигитално време.