Комуналните служби на Општина Карпош исчистија нова дива депонија

Комуналните служби на Општина Карпош денеска исчистија нова дива депонија, во Горно Нерези.


Запленето е поголемо количество на гуми и спречено е истите да завршат во некое од домаќинствата.


-Една од главните причини за аерозагадувањето е начинот на греење на домаќинствата, а анализите покажуваат дека голем број на домови се греат токму на отпадни гуми. Ги повикувам граѓаните да го променат начинот на греење и да ги користат субвенциите на Град Скопје, за набавка на инвертери и други современи уреди за затоплување, велат од општината.