Продолжуваме со мерки за зачувување на животната средина.

Комуналните служби интензивно работат на расчистување на отпадот. Само на една локација,  во населбата Даме Груев, на улица ,,Лепенец” подигнати се 3  камиони смет или 10 метри кубни ѓубре.

Уште еднаш апелираат, да не се фрла отпад и да не се палат огнови на отворено, кои придонесуваат за дополнително загадување на амбиенталниот воздух.

Во општината засилен е инспекцискиот надзор, кои согласно Законот за Јавна чистота преземаат соодветни мерки.

Комуналните служби паралелно работат и на расчистување на заостанатата сува тревна површина.

Примарната цел на општината   е да се заштити животната средина и да се надомести изгубеното зеленило.