Комуналните редари на Градскиот инспекторат викендов открија повеќе локации во реонот на Вардариште на кои се спалуваат кабли.
– По реакцијата на Комуналните редари поголема група на граѓани упатија вербални закани кон редарите, при што беше известено Министерството за внатрешни работи. Засилените контроли продолжуваат – информираат од Градскиот комунален инспекторат.
Татјана Василева Стојановска смета дека засилените контроли не се доволни за да им се стави крај на прекршителите.
– Господа, таму треба да патролира полиција нон стоп. Тие локации не престануваат со палење. Сериозно треба да се заземете веднаш со МВР и сите други надлежни, а не едни инспектори да ги посетат, па отпосле полиција, па ај пожарна, па некој десетти. Или преземете сериозни мерки или, утре пак, ќе биде запалено – напиша таа на фејсбук.