Комуналните работници во Бутел ќе добијат повисоки плати

Општина Бутел на последната одржана седница донесе неколку значајни одлуки. 

Повисоки плати ќе добијат работници кои се грижат за чистотата и хигиената во општината, зголемен е буџетот за финансирење на спортски клубови и спортски стипенди и изгласано е зголемување на предвидените средства за капитални инвестиции!

Исто така општина Бутел издвои и финансиски помош за опожарената куќа во населба Радишани.

-Општина Бутел продолжува со домаќинско и економично работење! Општина Бутел секогаш транспарентно и домаќински ќе менаџира со својот буџет кој го креиравме заедно со граѓаните и во целост ќе одговара на нивните потреби!, порача градоначалникот Дарко Костовски.