Комунална-Скопје: Платите се исплаќаат на време - Министерството за здравство мора да го исплати долгот од 5 милиони евра

ЈП Комунална хигиена Скопјe потврдува дека платите на вработените се исплаќаат редовно со неколкудневно задоцнување.

- КХС е посветена на навремена исплата на плати за вработените. Институции раководени од кадри на ВМРО и други — не добиле плати повеќе од три месеци. На пример, во Ј.К.П Пехчево, Јавно комунално претпријатие Тетово, Јавно комунално претпријатие С. Врапчиште, Јавно комунално претпријатие Комуналец - Градско, Јавно претпријатие Миравци, Ј.П Равен Пехчево, Погребни услуги ЈП Охрид - Охрид, Хигиена Ј.П. С. Чегране доцнат со платите, но истиот синдикат кој е политички инструментализиран не протестира во тие претпријатија бидејќи тоа ќе им наштети на ВМРО и ВЛЕН, велат преку соопштение од „Комунална“. 

- КХС е загрижен дека се во тек напори за организирање и спроведување протести само поради петдневно задоцнување во исплатата на платите на КХС, што е смешно. КХС, исто така, ја известува јавноста за деценискиот финансиски проблем поради кој во последните 30 години КХС работи со долгови поради тоа што Министерството за здравство му должи над 5 милиони евра. Овој неплатен долг директно влијае на ликвидноста на Комунална; доколку Министерството за здравство го исплати долгот во целост, КХС ќе може да гарантира дека платите никогаш нема да доцнат, дури ни за еден ден, се наведува во нивното соопштение. 

- Нашите вработени испорачуваат основни услуги за градот, а сме постојано саботирани од луѓе од власта. Ние ги исплаќаме платите на време и ќе продолжиме да го правиме тоа. Апелираме до Министерството за здравство веднаш да го исплати долгот од 5 милиони евра, за да не може никаков надворешен притисок или политичка акција да ја загрози егзистенцијата на нашите вработени, се наведува во реакцијата од ЈП Комунална хигиена Скопјe.