Комунална хигиена започна со поставување на новите контејнери низ Скопје

ЈП Комунална хигиена-Скопје започна со поставувањето на новонабавените садови наменети за одлагање на комуналниот отпад.

Досега е извршена замена на приближно 200 контејнери, додека активностите за поставување на новите садови ќе продолжат и во текот на неделава.

„Воедно, во текот на изминатата недела, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје отстранија 880 кубни метри непрописно одложен кабаст и градежен отпад од јавни и сообраќајни површини во сите скопски општини. Најголемо количество непрописно одложен отпад е подигнат во општината Центар, каде што се расчистени вкупно 205 кубни метри отпад од диви депонии“, наведуваат од Комунална хигиена.

Во истиот период, како што посочија од јавното претпријатие, подигнати и транспортирани биле 3.300 тони комунален отпад од домаќинствата и правните субјекти на територијата на градот Скопје.