Комунална хигиена подигна 190 кубни метри отпад од диви депонии во Чаир

ЈП Комунална хигиена-Скопје известува дека во текот на вчерашниот ден подигнати и транспортирани се приближно 190 кубни метри отпад од неколку обемни диви депонии лоцирани во скопската општина Чаир.

„Дел од активностите се одвиваа спроти ООУ „Конгреси и Манастирит“ каде што се отстранети 40 кубни метри непрописно одложен отпад од јавни и сообраќајни површини.  Воедно, во координација со ЈП „Паркови и зеленило“-Скопје реализирано е и расчистување на повеќе диви депонии лоцирани на улиците Ресенска, Струмичка и Вуковарска“, се вели во соопштението.