Комунална хигиена на повик го собира кабастиот отпад од вашиот дом

Жителите на градот Скопје коишто имаат потреба да се ослободат од својот стар мебел и неупотребливите електронски и електрични уреди, можат на бесплатниот телефонски број 0800 222 33 да ја нарачаат услугата за подигнување и транспорт со специјалните возила на ЈП Комунална хигиена.

Со воведените измени на услугата, граѓаните ќе имаат можност да ја одберат опцијата нивниот кабаст отпад да биде преземен директно од внатрешноста на домот, без разлика дали станува збор за индивидуални или за колективни домаќинства.

Услугата за собирање кабаст отпад од домовите на граѓаните се наплатува согласно ценовникот на ЈП „Комунална хигиена“.

Бесплатен телефонски број 0800 222 33