„Комунална хигиена“ ќе набави три цистерни за вода од по 100 000 евра

Јавното претпријатие „ Комунална хигиена“ ќе набави три цистерни за вода со капацитет до 10 кубни метри. За таа цел минатиот месец е склучен договор со друштвото за трговија и посредување „Каргомакс“ од Миладиновци.

Вкупната вредност на договорот со вклучен ДДВ изнесува 17.700.000 денари, или 290 000 евра, што би значело дека секоја цистерна вреди безмалку 100 илјади евра.

Плаќањето ќе се изврши на три еднакви месечни рати, од кои првата ќе биде уплатена веднаш по испораката на цистерните, односно по потпишувањето на записникот.