
ЈП Комунална хигиена-Скопје им соопштува на своите корисници што имаат заостанат долг во евиденцијата на ЈП Водовод и канализација-Скопје, на заедничка сметка, по основ неплатени сметки за собирање и транспортирање на комунален отпад (тужен и редовен), дека заклучно со 05.06.2026 година завршува акцијата за отплата без пресметана камата за задоцнето плаќање.
„Ги повикуваме корисниците во текот на преостанатите два дена да ја искористат поволноста што им ја нуди оваа акција и да ги отплатат своите долгови без пресметана камата“, апелираа од Комунална хигиена.
Претходно неделава од ЈП Водовод и канализација исто така ги потсетија граѓаните на Град Скопје дека во тек е последната недела од акцијата за отплата на заостанатите долгови без пресметка на камата за задоцнето плаќање.