Комунална хигиена ги замени оштетените корпи за ситни отпадоци во Сарај

ЈП Комунална хигиена - Скопје во текот на вчерашниот ден изврши замена на сите оштетени корпи наменети за одлагање ситни отпадоци во скопската општина Сарај.

„Активностите се реализираа на десетина локации во централниот дел на општината, каде што на местото на оштетените корпи се поставени сосема нови садови.  И во претстојниот период, ЈП Комунална хигиена-Скопје ќе продолжи со етапно менување на сите оштетени корпи за одлагање ситни отпадоци поставени на подрачјето на градот Скопје“, се вели во соопштението.