Комунална хигиена ги расчистуваше дивите депонии во општина Аеродром

ЈП Комунална хигиена – Скопје извести дека реализирале активности за остранување на диви депонии лоцирани во општина Аеродром.

„ Екипите на ЈП Комунална хигиена Скопје реализираа активности за отсранување на диви депонии лоцирани во општина Аеродром и тоа на: на булеварот Србија (кај салонот на Горење), на бул. Февруарски поход (на аголот кај маркет Рамстор),  улица Бојмија, улица Пандил Шишков (маркет Рамстор) и улица Коста Новаковиќ во непосредна близина на поликлиниката Јане Сандански.