Јавното претпријатие Комунална Хигиена извести дека во текот на изминатото деноноќие нивните екипи реализирале вонредни активностите за расчистување на повеќе диви депонии во скопските општини: Сарај, Карпош, Центар, Бутел и Чаир.
„Подигнати се и 50 кубни метри отпад од диви депонии лоцирани на улиците „Војвода Васил Чакаларов“ и „Брадфордска“ во општина Карпош, „Народен фронт“ во општина Центар, „Боро Менков“ и „Костурска“ во општина Бутел и на улиците „Цветан Димов“, „Втора македонска бригада“ и „Македонско-косовска бригада“ во скопската општина Чаир се вели во соопштението.
Од претпријатието додаваат дека е интервенирано и во општина Сарај каде од спортско-рекреативниот центар „Матка“, биле отстранети приближно 15 кубни метри непрописно одложен кабаст и мешан комунален отпад.