ЈП Комунална хигиена-Скопје информира дека нивни екиши подигнале и транспортирале приближно 50 кубни метри непрописно одложен отпад во скопските општини Чаир, Ѓорче Петров и Карпош.
„Отстранети се 15 кубни метри отпад од картонска амбалажа и петнаесетина автомобилски гуми одложени на јавна површина на улицата Војдан Чернодрински, како и 10 кубни метри кабаст отпад одложен на булеварот Никола Карев (Пластичарска улица) во скопската општина Чаир.
Во општината Карпош се подигнати приближно 10 кубни метри кабаст отпад одложен на сообраќајна површина на улицата Загребска, во населбата Козле.
ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираше активности и во општината Ѓорче Петров, каде што се подигнати 15 кубни метри отпад од диви депонии лоцирани на улиците Лука Геров и Ѓорче Петров“, се вели во соопштението на претпријатието.