Комуналците обвинуваат: Не се почитуваат термините за фрлање на ѓубре - затоа контејнерите се полни и дење и ноќе

Дали сте ги забележале налепниците залепени на контејнерите низ Скопје? Некои воопшто не знаат дека постојат такви, а некои само злушнале, но никогаш не испочитувале што пишува таму, а на многу контејнери ги нема или пак се избледени. 

Преполни контејнери во било кој дел од денот, е речиси секојдневна слика низ скопските улици. Граѓаните вина бараат во комуналците, а комуналците вина бараат во граѓаните. Првите велат дека не доволно се собира ѓубрето, додека вторите велат дека никој не почитува до кога треба истото да го исфрлат од својот дом. На сите контејнери има залепено до кога да се изнесува ѓубре, но никој истото не го почитува и поради тоа се случува ова. Токму затоа ѓубрето ќе смрди до наредното поминување на комуналците наредниот ден.

-Не сум забележала дека има таква налепница. Ама кога ќе се доближам до контејнерот, мириса толку одвратно, што едвај чекам да фрлам и да си заминам, никогаш не се задржувам, за да би можела да прочитам такво нешто. За тоа треба табла поголема, а налепница, со ситни букви, за која тврдам со сигурност дека никој нема да застане да ја прочита. Можеби на тој начин некако ќе се среди проблемот, раскажува Милици од Карпош.